ВМФЛ: Водечките екипи без грешка, продолжува трката за врвот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Најдобрите четири екипи од Втората лига запишаа нови победи во рамките од 25. коло со што ја продолжија трката за влез во најсилната конкуренција.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога и го доби Детоните со 1-0, а победа запиша и Башкими над Вардарски со 2-0.

Брегалница исто така славеше минимално во Велес против Борец. Стрелец на единствениот гол беше Калапчки. Три бода со минимален триумф оствари и Арсими против Кожув (1-0).

На останатите средби Новаци се радуваше против Вардар Неготино со 2-0. Победа ја совлада Саса со 1-0, исто како и Беласица Скопје, додека средбата помеѓу Охрид и Осогово заврши без победник 2-2.

TAБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 56, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51, Беласица 38, Детонит Плачковица 36, Охрид 36, Скопје 34, Кожув 32, Каменица Саса 32, Новаци 28, Победа 27, Вардар Неготино 27, Осогово 19, Борец 13, Вардарски 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани