ВМФЛ: Реми на дербито во Штип – ниту една од водечките екипи на табелата не победи!

by Стефан
1 минути читање

Возбудлив фудбалски ден во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), но без победи за екипите што се борат за самиот врв на табелата.

Македонија ЃП не успеа да ги освои трите бода на тешкото гостување кај Брегалница во Штип – дербито заврши без голови (0-0). Шансата за скок на табелата не ја искористи ниту Башкими, кој загуби на гости кај Осогово со минимални 1-0.

Натпревар без голови се одигра и во дуелот меѓу Арсими и Детонит Плачковица, па челните позиции останаа непроменети.

На останатите средби, Вардар Неготино со важна победа над Борец (1-0) направи чекор напред во битката за опстанок. Победа славеше на гостувањето кај Вардарски со 0-1, додека реми без победник (1-1) забележаа Кожуф и Беласица. Охрид го совлада Скопје со 2-1, а без голови заврши и средбата меѓу Саса и Новаци.

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица 39, Охрид 39, Скопје, 34, Кожуф 33, Каменица Саса 33, Победа 30, Вардар Неготино 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани