ВМФЛ: Башкими победи во Штип за бараж, историски момент за Арсими!

by Стефан
1 минути читање

Денеска заврши и сезоната и во Втората македонска лига, а најголемо внимание од денешните натпревари привлекуваше дуелот во Штип каде што се сретнаа Брегалница и Башкими.

Башкими славеше победа од минимални 0-1 и таа беше доволна да кумановскиот состав да го задржи третото место кое го носи во баражот за место во Првата лига.

Директен пласман во друштвото на најдобрите обезбедија Македонија Ѓорче Петров и Арсими кој за првпат во својата историја ќе игра во ПМФЛ.

Клубот од Чегране своето место го потврди со убедливиот триумф од 0-4 на гости кај Вардар Неготино. Лидерот Македонија Ѓорче Петров која од претходно го обезбеди своето место одигра реми без голови 0-0 на свој терен против Брегалница.

ВМФЛ 30. КОЛО

Брегалница – Башкими 0-1

Македонија ЃП – Беласица 0-0

Вардар Неготино – Арсими 0-4

Борец – Охрид 3-1

Детонит – Победа 2-2

Скопје – Саса 3-2

Кожуф – Новаци 5-1

Осогово – Вардарски 0-0

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани