Влаховиќ постигна гол по речиси четири месеци, Јуве на српски погон ја совлада Салернитана (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Макс Алегри дуелот
против Салернитана го опиша како битка за опстанок, но Јувентус покажа дека е
далеку поквалитетен и со триумф од 0-3 стигна до трите бода.

Резултатот го
отвори Душан Влаховиќ, Србинот погоди од пенал во 26. минута за својот прв гол
во Серија А по речиси четири месеци. Во финишот на првиот дел, напаѓачот лошо биеше
од врвот на шеснаесетникот, но обидот испадна добра асистенција за Филип
Костиќ, кој реализираше за 2-0.

На стартот од
вториот дел, Влаховиќ по втор пат се запиша во листата на стрелците и не им
дозволи на домаќините да се понадеваат дека можеби ќе можат да сторат нешто
повеќе во продолжението од мечот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×