Нико Вилијамс денеска го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година и тоа беше големо изненадување за фудбалската јавност бидејќи неколку неделени наназад се најавуваше неговиот трансфер во Барселона.
Во каталонскиот гигант сосема очекувано биле многу лути на фудбалерот и сметаат дека покажал големо непочитување, но медиумите откриваат и дека во Барселона воопшто ништо не знаеле.
Според последните информации, Барселона за новиот договор на Вилијамс дознала исто кога и целиот свет – по објавата на социјалните мрежи!
Никој од таборот на Вилијамс или Атлетик Билбао не ги информирал каталонците дека двете страни можат да ја продолжат соработката и очекувањата беа тој да се пресели во Барселона, дури се наведуваше дека целиот трансфер е само прашање на време.
Така за Барселона пропадна уште еден обид да го доведе Вилијасм откако слична беше ситуацијата и минатото лето.