Денеска се играа натпревари од 26. коло во Втората македонска фудбалска лига во кои ниту еднао од водечките екипи на табелата не славеше победа.
Македонија ЃП не успеа да ги освои трите бода на тешкото гостување кај Брегалница во Штип – дербито заврши без голови (0-0). Шансата за скок на табелата не ја искористи ниту Башкими, кој загуби на гости кај Осогово со минимални 1-0.
Натпревар без голови се одигра и во дуелот меѓу Арсими и Детонит Плачковица, па челните позиции останаа непроменети.
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица 39, Охрид 39, Скопје, 34, Кожуф 33, Каменица Саса 33, Победа 30, Вардар Неготино 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.