Вида ги коментираше свирежите од Русите

by
1 минути читање

Домагој Вида си
ја зеде бељата, па на социјалните мрежи објави видео на кое порача „Слава на
Украина“, и тоа веднаш по победата над Русија во четвртфиналето од Мундијалот
кој се одржува токму во таа земја.

Јасно беше дека
Хрватот ќе го привлече гневот на руските навивачи, а при секој негов допир со
топката арената Лужњики грмеше од свирежи кон него, тој уште еднаш посочи дека
немал никаква лоша намера и не сакал никого да повреди, но, додаде дека секој
свиреж кон него го прави посилен на теренот.

Не ми беше
убаво, но знам дека погрешив, со врела глава реков нешто што не требаше да го
кажам. Не мислев така и се извинив до Русите. Жал ми е, не сакав никого да
навредам, немам ништо против никого. Играв пет години во Украина, така ми
дојде. Сепак, тоа е зад мене, уште еднаш, извинување до Русите, но, кога некој
ќе ми упатува свирежи, тогаш ќе бидам се подобар и подобар
“ рече Вида.

Утре со почеток
од 16 часот се игра дуелот за третото место на турнирот помеѓу Белгија и
Англија, а во недела е предвидено големото финале каде силите ќе ги одмерат
Франција и Хрватска, мечот за светската титула стартува во терминот од 17
часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани