Македонија во сабота на Националната арена „Тодор Проески“ ќе има чест да биде противник на еден од најискусните шкотски репрезентативци. Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, токму во Скопје ќе го запише својот јубилеен 100. настап за националниот тим.
Робертсон дебитираше за Шкотска во 2014 година, кога влезе од клупата во натпреварот против Полска во Варшава. Во изминатата деценија се наметна како еден од лидерите на репрезентацијата, а пред саботниот дуел веќе има 99 настапи.
Со настапот против Македонија, левиот бек ќе стане само вториот фудбалер во историјата на Шкотска кој стигнал до бројката од 100 репрезентативни настапи.
Пред него останува само легендарниот Кени Далглиш со 102 натпревари во дресот на Шкотска, па наскоро би можел да се искачи и на врвот на листата.
„Енди е фантастичен капитен. Од првиот ден е исклучително важен за мене, како што беше и за претходниот селектор. Максимално е посветен на создавање силна поврзаност меѓу фудбалерите и стручниот штаб, секогаш го дава максимумот и исклучително е горд секогаш кога ќе го облече дресот на Шкотска“, изјави Покоњоли.
Натпреварот се игра во стандардниот термин во 20:45 часот.