Вентура не сака да слушне за оставка: Ќе разговараме утре или задутре…

by
2 минути читање

„Аѕурите“ од дома
ќе го гледаат мундијалот во Русија и за прв пат по 60 години нема да бидат дел
од едно Светско првенство, па веднаш по елиминацијата многу медиуми пренесоа
дека селекторот Џампјеро Вентура си поднал оставка по срамниот резултат.

Сепак, стратегот послем полноќ се појави на прес конференција и демантираше
дека се повлекува од селекторското столче.

„Не сум поднел
оставка бидејќи се уште немам разговарано со претседателот на ФФИ
– рече Вентура. „Жал ми е што
доцнам, но сакав да се поздравам лично со секој фудбалер
.

„Ова е тежок
резултат, бев убеден дека ќе ја надминеме оваа пречка. Разочаран сум бидејќи
нацијата заслужува повеќе
.

„Сакам да им се
извинам на сите Италијанци, но само за резултатот, не и за посветеноста
.

Запрашан уште
еднаш за оставка, тој порача: „Ќе треба да проанализирам безброј работи. Ќе се
сретнам со луѓето од федерацијата и ќе разговарам за следниот чекор. Имам
одличен рапорт со Карло Тавекио (претседателот) и сите останати луѓе. Деновиве
ќе разговараме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани