Венгер наскоро би можел да се врати на работа, има четири понуди на маса

by
1 минути читање

Венгер е без работа откако го напушти Арсенал по крајот на минатата сезона каде што помина дури 22 години како тренер.

Англиските медиуми велат дека Французинот планира наскоро да се врати на работа и тоа може да го направи веќе следниот месец.

„Тајмс“ пишува дека Венгер има добиено четири понуди, но ниту една од нив не е од Премиерлигата.

ПСЖ е еден од клубовите кои го сакаат Арсен Венгер, но тие во Французинот не гледаат тренер на тимот, туку сакаат да го стават на позицијата директор за фудбал.

Една од понудите е и од национална селекција, но веројатно Венгер нема да прифати селекторска работа бидејќи сака секојдневно да има обврски со тимот.

И две од четирите понуди се од големи европски клубови, но имињата не се познати.

Се шпекулираше дека интерес за Венгер има од Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид, па голема е веројатноста некои од нив да испратиле понуди за Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани