89
Арсенал го доби првото
засилување во зимскиот преоден рок во 20 годишниот грчки дефанзивец
Константинос Мавропанос, кој доаѓа од редовите на Јанина.
Премиерлигашот од Лондон
за талентираниот дефанзивец на грчкиот клуб му исплати два милиони фунти, а од
Островот најавуваат дека ќе биде испратен на позајмица во германски Вердер,
каде ќе добие поголема минутажа и ќе се врати подготвен за големиот предизвик.