98
Шумуликоски е третиот македонски фудбалер со најмногу настапи за националниот тим, вкупно 84.
Тој реши да стави крај на кариерата на 37 годишна возраст. Неговиот последен тим е Словачко за кој настапуваше од 2013 година.
Шумуликоски во својата кариера играше за Целје, Зенит, Бурсаспор, Ипсвич, Престон, Сибир Новосибирск, Тијанџин и Словачко.
Се очекува Шумуликоски да остане во фудбалот и да започне тренерска кариера.