Веќе нема никакви дилеми: Иран ќе игра на Мундијалот, го претстави и дресот (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Иран и официјално го потврди настапот на претстојниот Мундијал така што ги промовираше новите дресови со кој ќе настапи на турнирот.

На свечената церемонија во Техеран, каде што навивачите ја испратија репрезентацијата пред заминувањето на подготовките, беше претставен и новиот дрес за Светското првенство. Во центарот на вниманието се најде симболот на азискиот гепард.

Иако ФИФА има строги правила за политички пораки на спортската опрема, овојпат беше дозволена симболика која има еколошка порака и повикува на заштита на загрозените животински видови.

На долниот десен дел од дресот е поставен мотивот на азискиот гепард, животно кое се смета за едно од најретките и најзагрозените во светот. Со слична порака Иран настапи и на Светското првенство во 2014 година, кога преку дизајнот на дресот се обидуваше да ја подигне јавната свест за неговата заштита.

Новата гарнитура во голема мера потсетува и на дизајнот што иранската репрезентација го носеше на Мундијалот во 2022 година.

Покрај симболот на гепардот, внимание привлекуваат и ракавите на дресот, украсени со детали инспирирани од карактеристичните дамки на ова животно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×