Вегхорст ќе биде џокерот на Тен Хаг во нападот до крајот на сезоната, потоа ќе пристигне еден од Кејн, Осимен и Шешко

by
1 минути читање

Ерик тен Хак сака
нов напаѓач во јануари, стратегот преферира да донесе искусен голгетер со
поразлични карактеристики од играчите во форот кои веќе ги има на располагање.

„Ѓаволите“ не
сакат да се расфрлаат со пари, па Вут Вегхорст е идентификуван како идеално
засилување, Холанѓанецот треба да пристигне на позајмица и да биде џокерот кога
ќе треба да се промени стилот на играта.

Вут Вегхорст не
се покажа во добро светло во дресот на Барнли минатата сезона во Премиерлигата,
но со двата гола против Аргентина во четвртфиналето на мундијалот во Катар
покажаа дека тој може да им создава многу главоболки и на најдобрите дефанзивци.

Холанѓанецот ќе биде само
краткорочно решение, Манчестер јунајтед планира летоска да донесе звучно име
во нападот.

Според ЕСПН, на
листата со желби на „ѓаволите“ се наоѓаат Хари Кејн од Тотнем, Виктор Осимен од
Наполи и Бенаџмин Шешко од РБ Салцбург, кој има договор за преселба во сестринскиот
РБ Лајпциг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×