Вегхорст е подготвен од свој џеб да плати само да се пресели во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Ерик тен Хаг во
неколку наврати порача дека сака нов напаѓач по разделбата со Кристијано
Роналдо, неколку имиња се поврзуваа со Манчестер јунајтед, а последните
информации велат дека главна цел е Вут Вегхорст.

Ситуацијата на
Холанѓанецот е малку комплексна, тој е фудбалер на Барнли но игра во Бешикташ
на позајмица до крајот на сезоната.

Клубот од Турција
не сака лесно да се откаже од Вут Вегхорст и бара соодветна финансиска
компензација за тоа што предвреме ќе биде раскината соработката.

Новинарот Гокан
Динч
пренесува
дека Вут Вегхорст е подготвен од свој џеб да плати и да се пресели на Олд
Трафорд доколку трите клуба не успеат да најдат компромис.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×