Васоски: Потребни ни се засилувања за да се бориме за трофеи, овој тим на Вардар не е како ланскиот

by
1 минути читање

Вардар денеска загуби од Пјуник на свој терен со 2-0 и ги заврши квалификациите во Лига Европа уште во првото коло.

Црвено-црните одиграа уште еден лош меч, особено очајна беше офанзивата која мака мачеше да креира шанси за гол.

„Разочарани сме од овој пораз, имавме неколку шанси, но не успеавме да ги искористиме и примивме гол по кој ни се урнаа сите надежи“, вели Васоски.

„Ова е болен пораз, треба да не отрезни и уште многу да работиме. Мора да направиме анализа. Не барам алиби но денеска немавме многу опции за средината на теренот. Јуфо е повреден, Исени беше неспремен затоа што долго време беше повреден. Лира го чувавме за второто полувреме. Ова беше максимумот од Вардар во моментов“.

„Нашите амбиции се двојна круна, но треба да се види дали оваа екипа може да освојува трофеи. Управата треба да процени дали ни се потребни уште нови играчи. Мислам дека со две-три квалитетни засилувања можеме да направиме тим кој ќе игра за трофеи. Лани го имавме Филипе и уште три репрезентативци. Сега имаме играчи кои не се на тоа ниво. Екипата претрпе сериозни промени и треба време“.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани