13
Вардар со 2-0 ја победи Шкендија Арачиново и ја прескокна на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Мечот меѓу Вардар и Шкендија Арачиново се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, без публика поради казната која ја имаат црвено-црните.
Шкендија во првиот дел му пружи отпор на Вардар, но црвено-црните успеаа во второто полувреме да ја оправдаат фаворитската улога.
Мечот беше отворен во првата минута од второто полувреме кога Бобан Николов даде гол за водство на Вардар од 1-0.
Во 69. минута Закариќ даде гол за Вардар и ги постави конечните 2-0.
Вардар со оваа победа се качи на третото место на табелата, има пет бодови помалку од лидерот Шкендија.