Надежите на Вардар и оваа година настапуваат на престижниот „Куп на пријателство“ кој традиционално се игра на Златибор.
Во првото коло за противник го имаа тимот на Удинезе. Вардар водеше со гол на Али Адем во 16. минута, италијанскиот клуб изедначи преку Пакостело во 33. минута и ги постави конечните 1-1.
Вардар на турнирот е сместен во групата Д каде што покрај Удинезе се уште и Еспањол и Олимпија. Утре Вардарци играат со шпанскиот клуб, а во четврток против Словенците.
На турнирот на „Пријателство“ вообичаено учествуваат најдобрите екипи од екс Југославија како и неколку реномирани европски клубови.
Оваа година на турнирот играат Удинезе, Еспањол, Торино, Фенербахше, Динамо Загреб, Црвена звезда, Партизан, Железничар, Сараево…
Фото: ФК Вардар