Вардар со победа над Воска ќе излезе од дното!

by
1 минути читање

Пред фудбалерите на Вардар е исклучително важен натпревар, директен дуел против еден од конкурентите во борбата за опстанок, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја пречекуваат Воска, доколку победат ќе излезат од дното на табелата.

Тоа нема да биде нималку лесно, Воска во Скопје пристигнува во добра форма, немаат пораз на последните шест меча во сите натпреварувања. Во воведниот дел од сезоната, во Охрид го победија Вардар со 3-2.

Предност за Вардар ќе биде домашниот терен и големата поддршка од навивачите кои и на овој меч ќе бидат сериозен ветер во грб за фудбалерите во црвено-црни дресови.

Ова ќе биде шести меѓусебен дуел меѓу Вардар и Воска, ниту еден од нив не завршил нерешено, двата тима имаат по три победи, гол разликата е 9-8 во корист на скопскиот тим.

По 13 одиграни меча Вардар е последен со 11 бодови, Воска е над него со два бода повеќе.

Во останатите три денешни меча, шампионот Струга гостува кај Брера во Струмица, Шкендија го пречекува Тиквеш, Гостивар игра со Брегалница.

ПМФЛ 14. коло, 13 часот

Вардар – Воска

Брера – Струга 

Шкендија – Тиквеш

Гостивар – Брегалница

Утре

Македонија ЃП – Рабтонички

Силекс – Шкупи

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×