Вардар со победа ги заврши подготовките во Анталија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар славеа победа на последниот натпревар во Анталија во кој играа против австриски Рапид Виена.

„Црвено-црните“ во денешниот натпревар беа подобри со 3:1, а во листата на стрелци се запишаа Немања Босанчиќ и новите засилувања Мато и Михаил Талевски.

Вардар подготовките во Анталија ги завршува со една победа три нерешени натпревари и два порази.

За три дена Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната кој го стартуваат на 16-ти февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани