Поранешните
младински репрезентативци Дарко Мицевски и Филип Најдовски се двете засилувања
во овој период од летниот преоден рок за македонскиот вицепрвак Вардар.
И обајцата на
промоцијата во новиот клуб подвлекоа дека имаат високо мислење за шефот на
стручниот штаб на екипата, Бобан Бабунски.
„Тоа што се
познавам со добар дел од фудбалерите на Вардар, ќе ми помогне брзо да се
адаптирам во новиот клуб. Исто така имам соработувано и со Бобан Бабунски, кој
ме тренираше во младата репрезентација, и имам одлично мислење за него“ рече 26
годишниот играч за врска, Мицевски.
„Очекувам да се
наметнам во екипата, да ја оправдам укажаната доверба. На подготовките секој ќе
ја добие шансата, и очекувам да ја искористам. Имам високо мислење за Бабунски
како тренер, бевме заедно во младинската репрезентација, добро го познавам“
издвои 28 годишниот Најдовски кој игра на позицијата десен бек.
Извор/Фото: fkvardar.mk