89
Екипата на Вардар се засили со 19-годишниот голман од редовите на Брера, Даниел Диковски со кого потпиша договор на три години, потврдија од клубот.
Станува збор за голман кој потекнува од младинската школа на Македонија Ѓорче Петров, а минматата година се пресели во Струмица каде што доби шанса и во сениорскиот состав. Во изминатата сезона собра 14 натпревари и на четири успеа да ја сочува својата мрежа.
Исто така зад себе има и еден настап во репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Во Вардар тој ќе ја засили конкуренцијата со Давод Талевски и Методија Велковски, откако клубот неодамна го напушти Ведран Ќосевски.