366
Актуелното раководство на Вардар најде решение за враќање на тренинг базата, па фудбалерите ќе имаат одлични услови за тренирање оваа сезона.
„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг“, стои во соопштението на Вардар.
Вардар во моментов е последен на табелата, а во недела имаат сериозен предизвик кога на стадионот во Маџари ќе го пречекаат тимот на Шкендија.