Вардар се огласи со соопштение за ситуацијата со Бешикташ

by
1 минути читање

Откако Вардар ја соопшти соработката со Бешикташ, турскиот клуб излезе со демант за средба со најтрофејниот македонски клуб.

Но, Бешикташ денеска излезе со ново соопштение со кое си ја призна грешката и потврди дека имало средба со Вардар.

Со соопштение се јави и Вардар за да ја разјасни целата мешаница која ја створи Бешикташ.

„Заради недоразбирањата околу соработката на ФК Вардар со турскиот Бешикташ, должни сме да ја известиме јавноста дека споменатата средба со Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуелен првак, беше одржана и воспоставените контакти официјализирани, за можна натамошна соработка. Без оглед на сегашната состојба и позиции, Вардар е македонска фудбалска и спортска гордост, извориште на плејада извонредни фудбалери низ изминатите децении, за да може да си дозволи со лажни информации да го привлекува вниманието на јавноста. Објавеното се покажа дека е точно а демантот за вистинитоста е поткрепен (во желба за оправдување) со контра демант од таборот на Бешикташ, кој денес преку својата официјална страна ја потврди средбата и контактите за соработка. Некаде скинатата алка на синџирот на медиумскиот тим на Бешикташ придонесе реакции и во македонските медиуми, создавајки сомнеж во функционалноста на нашите структури.

На овој начин фудбалскиот клуб Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции и уште повисоки дострели меѓу кои спаѓаат и ваков вид на официјални соработки со големи Европски клубови, каде секако спаѓа и оваа со Бешикташ“, се вели во соопштението на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани