Вардар пушта влезници за реваншот со Пјуник по екстра ниска цена

by
1 минути читање

Од понеделник
почнува продажбата на билети за реванш пресметката на Вардар против Пјуник во
првото квалификациско коло од Лига Европа, на првиот меч во Ерманија
македонскиот вицепрвак загуби минимално со 1-0.

Пјуник не е лесен
залак, а тоа му е јасно и на Вардар, клубот одлучи да пушти влезници по екстра
ниска цена, и тоа, по цена од 100 денари, а истата важи за сите трибини на
арената.

Дуелот се игра на
„Националната Арена Филип Втори“ во четврток со почеток од 19 часот.

Фото-вест: fcpyunik.am

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани