1,8K
Вардар не успеа експресно да се врати во Првата лига, па целта се префрла за следната сезона. Најтрофејниот македонски клуб почна да го крои тимот.
„Симеон Христов е првото засилување за нашиот клуб во овој преоден рок и потпиша договор на 1 година. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Работнички, а кариерата ја почна во нашата младинска школа“, стои во соопштението на Вардар.