Вардар победнички тргна во новата сезона

by
1 минути читање

Вардарци вчера штрајкуваа поради неисплатени плати, но денеска истрчаа на теренот и ги освоија првите три бода оваа сезона.

Победата ја донесе Десниќ со гол по шест минути игра во второто полувреме.

Победнички тргнаа и најголемите конкуренти на Вардар за местата кои водат во Првата лига, Пелистер со 4-2 победи на гостувањето кај Кожув, а Гостивар со 3-2 го совлада Пехчево Скопје.

Во останатите натпревари Охрид Лихнидос со 2-1 го победи Тетекс, Детонит Плачковица со 2-0 беше подобар од Беласица, Воска спорт со 2-0 славеше на гостувањето кај Караорман, Каменица Саса на домашен терен загуби од Беса со 2-1.

Во среда се игра мечот меѓу Борец и Слога Виница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×