Навивачката група
„Комити“ го презема раководењето на Вардар и синоќа во 19:47 часот симболично
започнаа голема акција за спас на клубот и продажба на сезонски билети.
Попладнево на
прес конференција беа откриени повеќе детали, планот е да се приберат 500.000
евра.
„Вардар е клуб на
народот и народот има право да знае што се случува во клубот. Нашата битка за
спас трае буквално три години, пред нешто повеќе од две години продадовме
33.381 билети и тоа беше најголемата акција со која сакавме да дадеме време за
Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, па сега повторно сме
во акција за спас и поддршката на народот и тоа како ни е потребна“ – вели Милорад
Миленковски кој е претставник на „Комити“ во раководството.
Сезонските билети
се продаваат по цена од 1.000 денари, желбата е да се продадат 30.000 сезонски
билети.
„Сакаме да покажеме
дека се е можно, да видиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар.
Веруваме дека можат да се продадат билетите, а Вардар да заработи над 500.000
евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.