Вардар остана без едно од летните засилувања, Алаведра ја завршува кариерата поради депресија

by
1 минути читање

На денешната
средба со медиумите на која „црвено-црните“ се пожалија дека се игнорирани од институциите
и тоа ги кочи во преговорите со странски инвеститор кој е подготвен да вложи 18
милиони евра, од таборот на Вардар исто така соопштија дека останале без едно
од летните засилувања.

Дефанзивецот
Алберт Алаведра решил да стави крај на кариерата поради депресија и семејни
проблеми.

„Се обидовме да
го вратиме Алаверда, да ни помогне барем оваа сезона, но играчот има некоја
скриена депресија поради низа семејни проблеми. Смета дека е невозможно во
моментов да се посвети на фудбалот и одлучи да ја прекине својата кариера“

брифираше тренерот Александар Васоски.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани