Вардар нема да игра во Европа следната година, не доби лиценца!

by
1 минути читање

Вардар нема да игра во квалификациите од Лига Европа откако ФФМ не им ја прифати жалбата на црвено-црните и не им даде лиценца за настап во европските натпреварувања.

Вардар не ја доби лиценцата поради долговите кои ги има кон фудбалерите. Тие прво не добија лиценца од првосепената комисија, потоа се жалеа, но во меѓувреме не го решија проблеми и повторно беа одбиени.

Ова е сериозен удар за Вардар кој нема да може да заработи ништо од настап во Европа во престојната сезона. Тоа ќе биде дополнителен проблем за клубот кој и онака е во финансиски проблеми.

Од десетте клуба во Првата лига само Вардар и Победа не добија лиценци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани