943
Второлигашот Вардар Неготино се пофали со три новајлии во пресрет на стартот на втората полусезона.
Нови членови на клубот од Неготино се Марко Стојчески, Дестан Адили и Невен Костадинов.
Марко Стојчески е повратник во редовите на Вардар Неготино, настапува на левата бековска позиција и низ кариерата играше за Локомотива, Саса, Тетекс, Македонија ЃП, Скопје, Нефтохимик и Черно Море.
Од друга страна, Дестан Адили е засилување за офанзивата. Се работи за крило кое беше младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од Воска Спорт, а има настапувано за Победа, Влазрими и Работнички.
Невен Костадинов е ново име за средниот ред, потекнува од редовите на Тиквеш, настапувал за Брера, а доаѓа од Вардарски.