По победите над
Шампион Цеље и Домжале, македонскиот вицепрвак Вардар ремизираше со Марибор во
подготовките кои ги одработува во Словенија.
Вардарци
ремизираа со 3-3 а овој резултат е одличен за црвено-црните од причина што имаа
негатива од високи 0-3 уште по само 17 минути игра.
Млакар постигна
два гола, најнапред во 9. а потоа и во 14. минута, а следеше нов гол за
словенечкиот прволигаш преку Крамариќ во 17. минута за 3-0.
Барсегјан во 38.
минута намали на 3-1 и навести интересно второ полувреме во кое Вардар преку
истиот играч, овој пат по само четири минути игра во второто полувреме намали
на 3-2, за веќе во 63. минута преку Адем и да го постави конечниот исход од
средбата.
ВАРДАР: Гачевски (46’ Алексовски),
Тодороски (46’ Брдаровски), Тошевски, Попов (46’ Серафимов), Реџепи, Битанг
(46’ Најдовски), Мицевски (46’ Адем), Јуфо (46’ Марковиќ), Цветановски (46’
Попзлатанов), Барсегјан (70’ Бериша), Колевски (46’ Талески).
Фото-вест: NK Maribor (Facebook)