Станува збор за капитенот Бобан Грнчаров, неговиот заменик Никола Глигоров, третиот капитен Дејан Блажевски, како и Ховаханес Хамбарџумјан, Дарко Глишиќ и Ацо Стојков.
Овие фудбалери во следната сезона ќе настапуваат за други тимови, а Вардар ќе добие сосема нов изглед.
Покрај овие шест фудбалери претходно клубот го напуштија и Николов, Велковски, Фелипе, Муслиу, Демири, Балотели, Спировски, Којашевиќ…
Нов тренер е Бобан Бабунски кој го водеше тимот во последните натпревари од сезоната.
Раководството на клубот не покажа знаење за да ги задржи своите најдобри фудбалери или да заработи добро од нивното заминување, па следната сезона наместо надградба на историскиот успех од изминатата, Вардар ќе почне од почеток со сосема нов тим.