Вардар го смени Скопје со Раденци во подготовките за европската авантура

by 24 фудбал
0 минути читање

Освојувачот на Купот на Македонија Вардар ја започна подготвителната фаза во словенечкиот град Раденци, каде Гоце Седлоски и неговите избраници ќе ги темпираат формата за европските квалификации. „Црвено-црните“ веќе стигнаа, се сместија и одработија прв тренинг на словенечко тло.

Седлоски во воведните денови нема да располага со тројца фудбалери – Роџер Мато, Данел Донгмо и Фаустин Сенгхор, но тројцата наскоро ќе се приклучат на подготовките.

Промени има и во стручниот штаб – Драган Начевски ќе биде новиот асистент на Седлоски, додека кондиционата подготовка ќе биде во рацете на Антонио Бошевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×