Вардар ги дозна можните ривали во квалификациите за Лигата на шампиони

by bojan
1 минути читање

Сезоната привршува во најголем дел од првенствата во Европа, па веќе се познати сите можни противници на Вардар во првото коло во квалификациите во Лигата на шампиони.

„Црвено-црните“ за прв пат по 2017 ќе играат во квалификациите во Лигата на шампиони, ждрепката за првото коло е закажана на 16. јуни, а познати се сите можни ривали откако беа отстранети и последните дилеми

Вардар нема да биде помеѓу носителите, и како можни ривали ќе ги има:

Шамрок Роверс (Ирска)
КУПС (Финска)
Дрита (Косово)
Линколн Ред Импс (Гибралтар)
Борац Бања Лука (БиХ)
Викингур (Исланд)
Каират Алмати (Казахстан)
Крајова (Романија)
Рига (Летонија)
КИ Клаксвик (Фарски Острови)
Флора Талин (Естонија)
Ларне (Северна Ирска)
Петрокуб (Молдавија)
ТНС (Велс)

Првите натпревари ќе се играат на 7/8 јули, додека пак реваншите се на 14/15 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×