Вардар елиминиран од Македонија ЃП, Работнички со пресврт ја совлада Шкендија, Брегалница победи со 11-0!

by
1 минути читање

Актуелниот
освојувач на Купот, Македонија ЃП се пласираше во четвртфинале откако
попладнево со 0-1 славеше на гостувањето кај Вардар.

„Лавовите“ победија
со голот на Алији во 63. минута, кој прв стигна до една одбиена топка и лесно
ја затресе мрежата на Гачевски.

Работнички со
пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 3-2 над Шкендија. „Романтичарите“
први поведоа со голот на Стојановски во 9. минута, но гостите пред полувремето
преку Цаке и Елези стигнаа до 1-2.

На стартот од
вториот дел, Гандо изедначи на 2-2, за по еден час игра Мазари да реализира за
3-2 и победа на домаќините.

Брегалница денеска
ја забележа најубедливата победа и со 11-0 го совлада Јанг Тим Струга, додека
пак Шкупи без поголеми проблеми славеше со 4-0 против Охрид.

Силекс со 3-2
триумфираше над Башкими, Тиквеш со 0-1 победи кај Пелистер, а Брера
Струмица и Воска Спорт на пенали ги добија пресметките со Гостивар, односно
Струга.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×