Вардар бара помош од компаниите: Бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна!

by
1 минути читање

Вардарци во изминатиот период побараа помош од скопските општини, ја лансираа акцијата за сезонски билети кои чинат само 1.000 денари, а сега ги повикуваат и компаниите да се вклучат во создавањето на на новата приказна.

„Во текот на вчерашниот ден испративме барање за соработка до стотици големи македонски компании, а во деновите што претстојат ќе испратиме уште илијадници понуди.

Во моментите, кога клубот е во крајно незавидна финансиска ситуација, народот е единствениот негов финансиер. Па затоа, како што тропнавме на вратите на надлежните институции, така ве каниме и вас.

Ви нудиме искрена и транспарентна соработка, и можност заедно со нас и народот, да бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна.

ФК Вардар е најголемиот македонски фудбалски клуб, кој со својата историја и симболика е најдобра реклама за сите нас. 

Се надеваме на брз позитивен повратен одговор, а ние ќе се погрижиме сите оние кои ќе застанат заедно со нас во одбраната и воздигнувањето на клубот на народот, да бидат препознаени како позитивни општествени чинители

Вашето место, како важни општествени чинители е тука – заедно со нас и народот. 

Не чекајте да ве контактираме, доколку сте заинтересирани за соработка можете да не контактирате на: 35god.vardarci@gmail.com “, стои во соопштението на ФК Вардар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×