Варан беспари си заминува од Манчестер јунајтед, има три опции

by bojan
1 минути читање
Варан

Манчестер јунајтед попладнево соопшти дека Рафаел Варан одлучил да го напушти Олд Трафорд по крајот на сезоната, Французинот беспари си заминува како слободен играч.

Рафаел Варан реши да стави крај на авантурата во Манчестер јунајтед, дефанзивецот пристигна на северот на Англија во 2021 од редовите на Реал Мадрид во трансфер вреден околу 50 милиони евра.

Французинот нема намера да ја продолжи соработката, па по крајот на сезоната беспари ќе замине како слободен играч.

„Рафаел Варан потврди дека летоска ќе го напушти Манчестер јунајтед откако ќе му истече договорот, по три сезони поминати на Олд Трафорд“ – гласеше известувањето.

Медиумите веќе шпекулираат за иднината на дефанзивецот, кој како опции ги има Саудиска Арабија, САД и враќање во Франција.

Ал Наср и Ал Итихад од јануари опипуваат терен за ангажман на Рафаел Варан, исто како и неговиот прв клуб Ленс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани