177
Реал Мадрид полека ја губи битката за одбрана на титулата, избраниците на Карло Анчелоти вечерва испуштија два бода на незгодното гостување кај Бетис и сега се на -9 во однос на Барселона.
На „Виљамарин“ имаше ВАР, контроверзии шанси но не и погодоци. Мрежата беше затресена на стартот од првиот дел, но голот на Бензема беше понишен откако Ридигер играше со рака.
Винисиус, Родриго и Себаљос имаа прилики да донесат водство за Реал Мадрид, а на спротивната страна, Борха Иглесиас се најде во добра шанса но Куртоа со извонредна интервенција не дозволи славје.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.