4,2K
Возбудливи први
45 минути на Космос Арена во Самара, Данска и Австралија на пауза заминаа со
1-1.
Резултатот беше
отворен веќе во 7. минута. Јоргенсен одлично го проигра Ериксен кој без многу
двоумење испрати бомба под пречката за водство на Данска од 1-0.
Сепак, Австралија
се врати пред крајот на првиот дел благодарејќи на ВАР. Поулсен играше со рака
по еден корнер, сдијата Лахоз во прв момент не досуди ништо, но беше советуван
да ја прегледа повторената снимка бидејќи има спорен момент. Откако се
консултираше со видео технологијата, Шпанецот покажа на белата точка а Јединак
не погреши и најстрогата казна ја реализираше за 1-1.