„Нероаѕурите“
сакаат да го обноват договорот на својот капитен со цел да ја избришат или
зголемат откупната клаузула која во моментов изнесува 110 милиони евра, сума
која и не е толку голема на денешниов луд трансфер пазар и неколку клубови се
подготвени да ја активираат.
Ванда Нара пред
десетина дена порача дека тие се далеку од согласност со Интер, дека немаат
добиено понуда која ги задоволува нивните барања и откри дека четири клубови помеѓу
кои Барса и Реал се распрашуваат за Аргентинецот.
Но вечерва
сопругата на Мауро Икарди излезе со сосема поинаква изјава, и истакна дека
голгетерот останува верен.
„Ќе го обновиме
договорот, Икарди ќе стави потпис на нов договор, не грижете се. Нема никакви
проблеми, секако дека Интер сака да го задржи Мауро“ – изјави Ванда за Стриша ла
нотиција на Канале 5.