Ванда не се откажува од фудбалери: Започнала нова врска – со поранешен соиграч на Икарди!

by Стефан
1 минути читање

Аргентинскиот новинар Јани Торе ја разбранува јавноста со тврдењето дека популарната старлета и бизнисменка Ванда Нара наводно започнала љубовна врска со мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими, поранешен соиграч на нејзиниот поранешен сопруг Мауро Икарди во редовите на ПСЖ.

Според информациите на Торе, Ванда била видена на финалето од Лигата на шампионите кое се одигра во Минхен, каде што играа ПСЖ и Интер. Таа јавно ја поддржувала екипата од Париз, што го потврди и преку неколку објави на својот Инстаграм профил.

Во една од нив, Нара го издвојува токму Хакими, при што објавата ја завршува со порака на шпански: „Ви кажав“. Новинарот дополнува дека Ванда престојувала во истиот хотел каде што биле сместени фудбалерите на ПСЖ и нивните семејства, а присуствувала и на прославата по победата на тимот во најелитното европско клупско натпреварување.

„Снимаше реклама во Италија, а потоа ѝ испратија авионски билет, хотелска резервација и влезница за финалето“, изјави Торе, кој смета дека овие детали не се случајни и дека зад нив се крие нешто повеќе од обична поддршка за поранешниот клуб на Икарди.

Иако ниту Ванда, ниту Хакими засега не се огласија по повод ваквите шпекулации, јавноста внимателно ги следи нивните чекори, а оваа приказна веројатно допрва ќе добива нови димензии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани