Ванда Нара повторно е во фокусот на јавноста, поранешната сопруга на Мауро Икарди на социјалните мрежи (не)намерно сподели топлес фотографии.
Ванда Нара реши да стави крај на бурната врска со Мауро Икарди и сега води војна со напаѓачот на Галатасарај околу старателство на двете ќерки.
Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии и видеа за да покаже колку добра мајка е, и како се грижи за сите свои пет деца.
Но во последната објава таа (не)намерно сподели и топлес фотографии од себе.
Таа сакаше да сподели како нејзините деца уживаат со другарчињата, но наместо да ја објави оригиналната фотографија, објави скриншот од фотографијата во галеријата на телефонот, каде што можат да се забележат неколку фотографии во кои таа позира топлес.
