Ванда Нара: Икарди и Макси Лопес уште не можат да се поднесат!

by
1 минути читање

Таа зборуваше за себе како жена фудбалски агент, но се разбира дека неодминлива тема беше тријаголникот со поранешниот сопруг Макси Лопес и актуелниот сопруг, Мауро Икарди. Девет години откако го остави едниот, за да почне врска со другиот, Ванда кажа дека тие уште не се мирисаат.

„Имам добри односи со Макси Лопес сега, но тој и Икарди не можат да се поднесат“, рече 36-годишната Аргентинка.

Неодамна избија гласини дека и неа ја снашла слична судбина, како што онаа што таа му ја приреди на Макси. Медиумите пишуваа дека Икарди ја изневерил со аргентинската пејачка и актерка Чина Суарес. Меѓутоа Ванда одби да падне на провокација и очигледно преминала преку тоа.

„Не знам што се случило. Нашата приказна е така долга, па мало нешто како ова изгледа безначајно. Икарди е мој сопруг, ние сме заедно и ќе бидеме зааедно цел живот. Тој е со мене речиси цел негов живот. Тој се има заљубено во нормалната јас, во пижами, додека подготвувам паста со пармезан и путер“, изјави Ванда.

Таа беше во брак со Макси Лопес до ноември 2013 и дотогаш имаше три деца со него. Во мај 2014 стапи во брак со Мауро Икарди, кој беше клупски другар на Макси Лопес од Сампдорија и соиграч уште од младинските редови на аргентинската репрезентација. Откако стапија во брак, Ванда му беше и агент на Икарди, а особено се прочу кога во 2019 „го продаде“ својот сопруг од Интер во ПСЖ за 70 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×