Валверде одби да говори за жешката тема во Реал па се правдаше: Добро се познавам…

by bojan
1 минути читање
Валверде

Феде Валверде попладнево се појави на прес конференција во пресрет на реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, фудбалерот на Реал Мадрид одби да говори за судењето во Ла Лига.

Феде Валверде одби да говори за жешката тема во Реал, односно обвинувањата од „кралевите“ дека постојано се оштетувани од судиските одлуки и војната во која влегоа во судиската организација и ФФШ.

Уругваецот денеска се појави пред новинарите во пресрет на реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампиони и не сакаше да навлага во дебата.

„Не сум јас тој што треба да им суди на судиите. Сите сме само луѓе и можеме да направиме грешка. Судиите секогаш се критикувани, па дури и кога ќе имаат добар натпревар, не добиваат пофалби“ – рече Феде Валверде.

Фудбалерот од средниот ред потоа се огласи на социјалните мрежи за да појасни зошто не ги критикувал судиите.

„Не сакам да бидам погрешно разбран, но сакам да им појаснам на нашите навивачи: Ако денеска не зборев за судењето, тоа е поради една работа: ДОБРО СЕ ПОЗНАВАМ, и морам да се фокусирам само на утрешниот натпревар. Сите гледаат што се случува на нашите натпревари во Ла Лига, и нема да заборавам, но мојот целосен фокус е на утрешниот натпревар“ – гласеше пораката на Феде Валферде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани