Валенсија го смени тренерот и веднаш победи, Димитриевски еден од клучните! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Валенсија со 1-0 славеше на гостувањето кај Алавез, нашиот Столе Димитриевски имаше фантастична партија и не им дозволи на домаќините да постигнат гол.

Гостите се израдуваа на гол уште во 17. минута, но погодокот на Данџума беше поништен поради офсајд.

Клучниот момент се случи во 78. минута кога Риоха постигна гол за водство на Валенсија од 1-0 што беше и конечен резултат.

Димитриевски беше еден од најдобро оценетите играчи на Валенсија на овој дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×