30-годишниот Ужоа во Лестер пристигна од Брајтон во 2014 година, но овој месец побара трансфер бидејќи не е во плановите на Раниери.
Според информациите од медиумите, Лестер одбиле понуда од Сандерленд бидејќи Раниери сакал Ужоа да остане во клубот.
„Со целосна почит за фановите на Лестер, се чувствувам предадено од Раниери и изневерено од клубот. Никогаш повеќе нема да заиграм за нив…“ – напиша Ужоа на својот твитер профил.
Подоцна во интервју за Скај Спортс ги објасни причините за неговата реакција.
„Тажен сум поради мојата ситуација бидејќи имав две прекрасни години тука. Но сега бидејќи не сум во неговите планови мислам дека најдобро е да си заминам и да одам на место каде повторно ќе бидам среќен“ – вели Ужоа.
„Раниери пред три месеци ми рече дека доколку стигне понуда од 4-5 милиони фунти ќе ми помогне да заминам“.
„Колку што знам за мене пристигнале поголеми понуди од таа сума кој воопшто не биле разгледани. Денес ми вели дека сака да останам. Ако останам во клубот тоа ќе се одрази на мојата иднина и кариера“.
Ужоа оваа сезона беше стартер на еден натпревар и постигна еден гол.