На повидок скандал: Судијата на натпреварот на Германија може да биде избркан од Мундијалот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

ФИФА започна истрага против ВАР-судијата на натпреварот меѓу Германија и Курасао на Светското првенство, поради сомнежи дека за време на телевизискиот пренос во живо направил гест кој може да се протолкува како симбол поврзан со расистички групи.

Имено, пред почетокот на натпреварите камерите секогаш ја прикажуваат ВАР-собата, каде што судиите накратко позираат додека на екранот се појавуваат нивните имиња.

Токму во тој момент, австралискиот судија Шон Еванс бил снимен како со десната рака покажува превртен знак „ОК“. Иако овој гест вообичаено се користи како позитивен сигнал и е широко распространет и на социјалните мрежи, во одредени контексти, кога се прикажува под половината, се поврзува сои расистички симболи.

Светската фудбалска федерација има строга политика на нулта толеранција кон расизмот, па доколку се утврди дека 38-годишниот судија свесно го употребил спорниот симбол, можно е и негово отстранување од турнирот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×