Ужасни вести: Екс-фудбалер на Баерн се здобил со тешка повреда, мали се шансите да преживее

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Гуо Џиахуан заработил тешка повреда на тренинг откако бил удрен со колено во глава во четвртокот.

Повредата на Џиахуан е толку сериозна што медиумите пренесуваат дека шансите да преживее е мали. Братот на фудбалерот објави дека Гуо има големо крварење на мозокот и докторите прогнозираат дека речиси и да нема шанси.

Во овој момент тој е приклучен на апарати кои го одржуваат во живот. Докторите дури и предложиле да ги исклучат апаратите, но семејство инсистирало да бидат направени нови испитувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани