Уште едно разочарување за Барса во потрагата за наследник на Левандовски

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Атлетик, Хари Кејн е многу блиску до потпис на нов договор со Баерн Минхен и покрај тоа што Барселона пројавува интерес за неговите услуги.

„Каталонците“ мака мачат да ангажираат наследник на Роберт Левандовски. Како прва цел го поставија Хулијан Алварез, но зделката воопшто не е лесна.

Се шпекулира со сума од 150 милиони евра за услугите на Аргентинецот, пари кои Барса не може да си ги дозволи, но и одбивање на Атлетико да седне на преговори поради валканите тактики на клубот од Камп Ноу.

Денеска се појавија иноформации дека Жоан Лапорта и Деко стапиле во контакт со агентите на Хари Кејн и опипале терен за спектакуларен трансфер на Англичанецот.

Но како што пренесува Атлетик, ова ќе биде само уште едно разочарувањ за Барселона, Хари Кејн е многу блиску до потпис на нов договор со Баерн.

Хари Кејн се чувствува одлично во Баварија, каде што постигна 146 погодоци на 147 натпревари и веќе освои две титули во Бундеслигата, како и трофеи во Купот и Суперкупот на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×